Линкови за пристапност

Демократските претседателски кандидати се подготвуваат за дебатата во Атланта


Двајцата водечки демократски кандидати според националните анкети, поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен, ќе бидат централно место на дебатата во Атланта во среда

Демократските претседателски кандидати одржуваат петта дебата во Атланта во време на промени во анкетите и неизвесноста од почетокот на примарните гласања.

10 кандидати ќе бидат на сцената за трката 2020 која во последно време е засенета од актуелната сага околу процесот за импичмент на претседателот Трамп во Вашингтон.


Двајцата водечки демократски кандидати според националните анкети, поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен, ќе бидат централно место на дебатата во Атланта.

Но, еден кандидат кои предизвикува поголемо внимание е градоначалникот од Саут Бенд, Индијана, Пет Бутиџич, кој води во анкетите на примарните избори во Ајова, според истражувањето на Си-Ен-Ен /Дес Моинс /Медиаком.


Бутиџич во Лос Анџелес рече дека неговата кампања има постојан напредок со месеци.

Бајден и натаму води на националните анкети според истражувањето на Универзитетот Квинипег во Јужна Каролина, каде исто така се одржува примарно гласање.

Со поддршката од афро-американското гласачко тело, Бајден води во Јужна Каролина со 33 проценти, а Ворен има 13 отсто. Сандерс е трет со 11 проценти.

На кампањата, поранешниот потпретседател Џо Бајден, продолжува да повторува дека би бил најсилен кандидат за да го победи претседателот Трамп следната година.

Еден од новите демократски кандидати кои што нема да бидат на дебатата е поранешниот гувернер од Масачусетс, Дивал Патрик, кој мината недела најави учество во трката.

Поранешниот гувернер од два мандати во мандатот на претседателот Обама има долгогодишно пријателство со него.

Како дополнување, милијардерот и поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг разгледува можност да влезе во трката.

Аналитичарите гледаат на Блумберг и Патрик како умерени кандидати кои може да се потенцијална закана за одлевање на гласовите од Бајден.

Други кандидати кои ќе се најдат на сцената во Атланта се Берни Сандерс, сенаторката од Калифорнија Камала Харис, сенаторката од Минесота Ејми Клобучер, гувернерот од Њу Џерси, Кори Букер, конгресменката од Хаваи Тулси Габард, милијардерот Том Стојер и бизнисменот Ендрју Јанг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG