САД изразија „голема загриженост“, за како што изгледа, официјалниот притисок врз опозиционите медиуми во Турција по апсењето на уредник во весникот Кумхуриет.
Портпаролот на Стејт департментот рече дека додека Вашингтон ги поддржува напорите на Анкара за лоцирање на одговорните зад неуспешниот обид за воен удар на 15-ти јули, затворањето на медиуми и приведување новинари за време на викендот - е загрижувачки.
Апсењето на главниот уредник на Кумхуријет Мурат Сабунку и други виши официјални лица следеше по смената на повеќе од 10.000 државни службеници, академици, учители и здравствени работници во саботата. Повеќе од десетина медиуми беа затворени за време на викендот.
Според групите за заштита на човековите права, повеќе од 100 новинари се затворени по неуспешниот обид за воен удар и воведување на вонредната состојба во земјата.