Линкови за пристапност

Зумба – стил на живот што не познава граници


Зумба – стил на живот што не познава граници
Зумба – стил на живот што не познава граници

Ексклузивно интервју со Бето Перез, креаторот на фитнес-програмата Зумба

Дава живот, полна е со љубов, а има и хуманитарен карактер - вака многумина ја опишуваат моќта на фитнес-програмата, Зумба. Инспирарана од латино-американски ритам, основана е пред 10 години во Мајами, од Колумбиецот Алберто – Бето Перез. Што е тајната на овој феномен кој не познава старосни граници – се обидовме да дознаеме од самиот кретор, наоѓајќи го во Флорида во момент меѓу две патувања:

„Неверојатно е како, дури и по една деценија, луѓето ја прифаќаат позитивната енергија. Среќен сум бидејќи секој кој ја искусил, ја разбира филозофијата на Зумба. Основата е страста и таа е лесно пренослива“, вели тој.

Зумба – стил на живот што не познава граници
Зумба – стил на живот што не познава граници

„Иако на прв поглед изгледа сложено, изјави Перез, формулата е едноставна и тоа главно заради обидот да се вратиме на почетоците на аеробикот. Оваа индустрија како да заборави дека на часовите доаѓаат обични луѓе, од различни професии. Се` што е комплицирано, се` што како предуслов ја поставува физичката состојба на телото, според мене, не функционира. Зумба нуди нешто што е лесно, едноставно, ефикасно и забавно“, подвлече тој.

Причини да се земаат часовите може да има многу, но за Перез мотивот е еден -

„Светот во моментов е преплавен со проблеми, војни, лоша економија. Зумба како да излегува во пресрет, луѓето преку игра и вежби заборават на стресот, уживаат и се релаксираат“, рече креаторот на оваа фитнес програма.

Во јавноста има и критики дека концептот е само моден тренд, но Перез не стравува од тоа:

„Го држам овој час веќе 20 години и се` уште сум тука. Го почитувам мислењето на другите, но верувам дека решение се нови проекти, се обидуваме да одиме чекор понапред, секогаш. Не знам колку е популарна Зумба во моментов, она што ме интересира е да останам приземјен, да продолжувам да работам“, вели тој.

Компанијата подготвува две нови видео-игри за наредните две години. „Во Америка годишно се промовираат по 100-тина нови аеробик-производи, но само 3 го наоѓаат своето место на пазарот“, кажа Перез.

Зумба неодамна ја оддржа и четвртата по ред конвенција во Орландо, Флорида, со присуство на околу 7.000 инструктори од 80 земји во светот. Но, Бето Перез сонува голем сон:

„Сите да играат истовремено, идентично, на иста песна. Барем пет минути. Сакам ова да биде голем настан, пренесуван преку сателит, секаде. Не сакам Зумба да се асоцира само со мене. Кога еден ден ќе ме нема на овој свет, желба ми е Зумба да продолжи да живее“, истакна тој.

Според Зумба Фитнес, часови од оваа програма неделно земаат околу 12 милиони луѓе на 110.000 различни локации во 125 земји ширум светот.

Зумба – стил на живот што не познава граници
Зумба – стил на живот што не познава граници

Дека оваа, таканаречена „магија“, се шири неконтролирано е и Македонија. Пример е фитнес-клубот „Fit One“ кој нуди и часови по Зумба. Постои од декември 2009-та година. Во Скопје се присутни на 7 локации. Во моментов имаат 10 лиценцирани инструктори, и како што ни изјавија, посетители полни со ентузијазам чиј број постојано расте.

XS
SM
MD
LG