Шест месеци по приемот во НАТО и официјализирање на членството, македонски премиер дојде во седиштето на Алијансата на средба со Генералниот секретар. „Среќен сум што оваа година ја добивме Северна Македонија како 30 членка“ – порача Јенс Столтенберг. Најави дека и покрај пандемијата Алијансата нема да ја заборави својата примарна одбранбена задача и да дозволи здравстената да стане безбедносна криза.
НАТО нема да дозволи здравствената да стане безбедносна криза.Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО
„Членството на вашата земја е извонредно постигнување кое доаѓа по години посветеност на реформите. Ова е добро за македонските граѓани зашто безбедноста што НАТО ја овозможува обезбедува просперитет и странски инвестиции и придонесува за евроатланстската сигурност. Истовремено безбедносните предизвици со кои се соочувавме пред пандемијата не си заминаа. Реагираме на хибвридни и сајбер закани вклучувајќи и дезинформации кои ги имаа за цел нашите вредности и демократии. НАТО нема да дозволи здравствената да стане безбедносна криза.“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Столетнебрг најави дополнителни 1,4 милиони евра во медицинска помош за земјата за справување со ковид-19. Го пофали зголемувањето на средтсвата за одбрана и најавата за одвојување 2 проценти од БДП за овој ресор до 2024.
И покрај економските предизвици поради пандемијата, остануваме решени за годишно зголемубввање од 0,2 отсто на буџетот за одбрана и до 2024 да дојдеме до 2 проценти БДП за одбрана.Зоран Заев, премиер
„Многу сме горди што Северна Македонија е најнова членка на НАТО и тоа е исполнување на нашата стратешка цел. Северна Македонија е целосно посветена на своите НАТО-обврски. И покрај економските предизвици поради пандемијата, остануваме решени за годишно зголемубввање од 0,2 отсто на буџетот за одбрана и до 2024 да дојдеме до 2 проценти БДП за одбрана. Ќе продолжиме да учествуваме во НАТО операции.“, оцени македонскиот премиер Заев.
Столтенберг избегна директно да одговори на прашањето што мисли за најавите на американскиот претседател Трамп за повлекување на сите американски војници од Авганистан до Божиќ. „Стотици илјадници војници од Европа и Канада од НАТО се бореа заедно со американски војници во изминатите години. Наша обврска е да се погрижиме Авганистан пак да не стане гнездо на терористи и закана за безбедноста и мирот. Го поддржуваме мировниот процес во Авганистан и за сите прашања ќе се координираме со сојузниците“, изјави Генералниот секретар.
Facebook Forum