Линкови за пристапност

Сликата „Прегратка“ на Зоран Костовски во Белата куќа од времето на Џорџ Херберт Вокер Буш


Сликата „Прегратка“ на Зоран Костовски во Белата куќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

Сликата „Прегратка“ на Зоран Костовски во Белата куќа

Изложбата на Зоран Костовски e по повод одбележувањето на два значајни јубилеја на авторот – 50 години сликарство и 45 години членување во Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

50 години од сликарството, на академскиот сликар Зоран Костовски, во Националната опера и балет. Но, повод и за потсетување, за неговата слика до тогашниот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш во 1989-та, во времето на поранешна Југославија. Се присетува, во Скопје бил поканет да направи изложба во тогашниот американски Културен центар.

„Имав таму едно 12-13 уметнички слики, кои што беа изработени таа година, нови, уште ги немав ниту фотографирано. На директорот му се допадна една слика. Тоа беше период на претседателски избори и директорот одлучи да ми откупи една слика, и да му ја испрати на претседателот Буш.

Помина месец, два и добив писмо од Белата куќа, ми го донесе поштар, и во ковертот имаше благодарница од претседателот Буш и сопругата Барбара“, открива Костовски.

Глас на Америка: Која е тематиката на сликата, подарок за Џорџ Буш - постариот?

Костовски: Тематиката на сликата е една жена стои исправена, и маж клекнал пред неа и ја гушнал околу половината. Тој ја гледа неа. Една прегратка, меѓу двајца. Меѓу маж и жена. Таа е темата, веројатно, затоа и сликата и се допаднала на сопругата Барбара.

Денес, вели, повеќе твори откако кога бил во работен однос во Македонската опера и Балет, како сценограф, повеќе од 4-ти децении.

Мотивот за уметникот е неисцрпна работа. Секогаш имам мотиви. Мртва природа, апстракција, пејзаж, македонскиот фолклор, боите на Македонија, црвено, жолто, злато, црно, сиви нијанси, од везовите, од носиите
Костовски, сликар


„Ние уметниците, еве моите 50 години, имаме разни фази на творештво. На пример, инспирација може да биде жената како убаво битие, која може да го инспирира уметникот. Мотивот за уметникот е неисцрпна работа. Секогаш имам мотиви. Мртва природа, апстракција, пејзаж, македонскиот фолклор, боите на Македонија, црвено, жолто, злато, црно, сиви нијанси, од везовите, од носиите....Нашето поднебје е богато со култура, колку сакаш“, открива сликарот Костовски.

Глас на Америка: Имате ли своја муза?

„Имам, своја муза која ме инспирира, да творам. Се случува наутро во 2 часот по полноќ, да сликам. Времето за уметникот не е одредено. Се случува во 4 наутро да станам и да сликам, додека сите спијат!“, коментира Костовски.

Веројатно, како што вели, првиот и единствен македонски сликар чие дело се наоѓа во Белата куќа, скромно открива дека не сакал тоа да го експонира тој факт во јавноста, и долго време го чувал во себе, како инспирација, но и драг спомен врзан со американскиот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш.

Академскиот сликар Зоран Косовски реализирал самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Осиек, Загреб, Нова Горица, како и во Келн и во Ерштад, Германија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG