Линкови за пристапност

Јолевски: „За силна демократија треба силна влада и силна опозиција“


Јолевски: „За силна демократија треба силна влада и силна опозиција“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Јолевски: „За силна демократија треба силна влада и силна опозиција“

Дали Македонија има капацитет да ги надмине предизвиците што се пред неа? Еве ја перспективата на Амбасадорот Зоран Јолевски, актуелен Министер за одбрана

Ниту амбасадорот Зоран Јолевски е нов за Вашингтон, ниту пак Вашингтон е нов за Јолевски. Деновиве тој е гостин во Белата куќа, Конгресот, Пентагон и тинк тенк инстутиции. Неговите средби најмногу се фокусирани на актуелните домашни прашања иако тој најрадо би зборувал за евроатлантските интеграции. Разговорот во Гласот на Америка не беше исклучок.

„Владата на Република Македонија е целосно определена за имплементација на договорот од Пржино и очекуваме да имаме избори на 24-ти април оваа година. Ќе направиме се` како Влада тие да бидат фер и демократски со цел Македонија да продолжи на својот пат кон евротлантските интеграции.

Дали државата има капацитет да се справи со предизвиците пред кои е исправена, беше нашето следно прашање, на што тој одговори:

„Сигурен сум дека има и тоа многу пати во минатото сме го покажале. Изминативе години демократските институции на Македонија сериозно се зајакнати и државата целосно ги исполни условите за влегување во НАТО, армијата е целосно реформирана и државата во 73 проценти ја има усогласено легислативата до европската. Да Македонија има институции да се справи со сите предизвици“.

Но што ако опозицијата не учествува? Јолевски вака одговори:

„За секоја демократија е важно да има стабилна и силна влада но и стабилна и силна опозиција. Учеството на опозицијата на изборите е мошне значајно, за демократијата во државата, значајно за напредокот на државата, но и за самата опозиција. Како што знаете, јас бев седум години во САД како амбасадор. Сите конгресмени кога ќе бидат избрани тие целосно ја извршуваат својата функција, да ги претставуваат своите граѓани. Така и сите пратеници треба да ги претставуваат своите граѓани во парламентот“.

Дури и вакво рационално размислување може да не значи ништо во пракса. И тука погледот се врти кон надвор. Кој може да помогне? Европа е се` повеќе окупирана со своите проблеми. САД се среде изборна кампања и пред дискутабилна насока на надворешната политика со следниот претседател.

Но, Јолевски вели, на сите средби што ги имал во Вашингтон, недвосмислено му било кажано дека САД ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции. Тој посочува на нивното инвестирање во развојот на општеството, на демократијата, на економијата и во реформите. Затоа, вели, тие ќе продолжат со поддршката.

Негова цел е Македонија да се интегрира во НАТО и во Европската Унија. Или, со негови зборови - колку повеќе имаме НАТО и ЕУ во регионот толку регионот е посилен.

А силата на регионот е пред големо искушение токму додека го зборуваме ова - справување со енормната мигрантска криза што сите државни системи ги става на стрес тест.

XS
SM
MD
LG