Линкови за пристапност

Од каде црно-белите шари кај зебрите?


Од каде црно-белите шари кај зебрите?
Од каде црно-белите шари кај зебрите?

За да ги одбијат коњските муви, тврдат научници во најнова студија.

Болниот бодеж на коњската мува, што знае да пренесе и болести, можеби е главната причина за црно-белите шари кај зебрите.

Според нова европска студија, еволуцијата им го подарила ваквото шаренило бидејќи црно-белите вертикални линии не се привлечни за коњските муви во Африка.

Меѓународна екипа на научници направила серија тестови за да утврдат како коњските муви реагираат на светлината рефлектирана од црната, кафено-сивата и белата боја кај коњите, а потоа истиот експеримент го повториле и со зебрите. Се изненадиле дека црно-белите шари привлекле многу помал број на инсекти, споредено со еднобојните крзна на другите животни.

Истражувањето е објавено во Журналот на експериментална биологија.

XS
SM
MD
LG