Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од премиерот поради скандалот со „лажните комичари“


Мицкоски побара да се формира техничка влада

Опозицијата ја засили реториката по објавувањето на снимките од разговорите на премиерот со двајцата руски „пранкстери“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Зоран Заев.

„Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG