Линкови за пристапност

Без договор за референдумското прашање


Зоран Заев (СДСМ) и Христијан Мицкоски ( ВМРО-ДПМНЕ) не успеаја да најдат заедничка позиција за клучната тема од која зависи евроатланската интеграција.

Премиерот, по завршувањето на лидерската средба, излезе со остри критики на адреса на шефот на опозицијата велејќи дека тој не сакал договор, и дека единствено за што притискал била амнестија за поранешното раководство на партијата. Мицкоски, пак, тврди дека не отстапува од ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека прашањето на референдумот мора да има едно, а не повеќе значења. За утре се најавува средба на Мицкоски со германскиот министер за Европа Михаел Рот кој од денеска е во посета на Скопје.

,,По третата лидерска средба сѐ стана јасно. Треба на сите да им е јасно, Христијан Мицкоски срамно лаже кога тврди дека на ова раководство на ВМРО ДПМНЕ му биле важни изборот на ДИК со двотретинско мнозинство, техничката влада за следните избори или законот за финансирање на политичките партии. Христијан Мицкоски лаже дека сака Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО, лаже дека сака правна држава, лаже дека се бори за чесен референдум. Мицкоски денес се обиде да ги прикрие своите вистински намери. Откако виде дека не постои ниту минимум шанса да се согласиме воопшто да разговараме за директна или индиректна амнестија, денес беше принуден декларативно да се откаже од неговата срамна цел по секоја цена да издејствува спас за неговите ментори и колеги. Меѓутоа, Христијан Мицкоски денес разговараше без намера да се договори. Неговата единствена цел денес беше ако веќе нема амнестија тогаш нема да има ниту договор“, изјави премиерот Зоран Заев.

,,Нашата позиција е јасна и таа е партиски став, а тоа е дека прашањето мора да биде еднозначно, а не да биде поврзувано со други значења, тука ни се разликите“, коментираше претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG