Линкови за пристапност

Борисов во Скопје најави дека Бугарија нема намера да ја блокира интеграцијата во ЕУ


North Macedonia Bulgaria meetings
North Macedonia Bulgaria meetings

Со домаќинот, македонскиот премиер Зоран Заев, претходно одржаа заедничка прес конференција, на која се осврнаа - чиј е Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев денеска се поклонија и положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Борисов престојува Скопје по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка склучен меѓу двете земји.

Со домаќинот, македонскиот премиер Зоран Заев, претходно одржаа заедничка прес конференција, на која се осврнаа и на жолчната дебата - чиј е Гоце Делчев.

Се надева оти историчарите ќе вложат огромни напори за правилно да се решат историските прашања и најави да не коментира ништо во врска со Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер на новинарско прашање категорично исклучи можност неговата држава да ги блокира интеграциите на Северна Македонија во НАТО:

„Дури не би сакал да мислам дека може да дојде до такво прашање, Бугарија да ја попречува Северна Македонија за членство во НАТО. Недозволено е јас да кренам рака против Северна Македонија.“, изјави Борисов.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими премиерот Бојко Борисов.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше констатирано дека Северна Македонија и Бугарија се посветени кон јакнење на добрососедските односи и унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Заедничкото претседавање со Берлинскиот процес, беше констатирано на средбата, претставува одлична можност за понатамошно зајакнување на добрососедските односи и посилна улога на двете држави во регионалните прашања.

Двајцата соговорници констатираа дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија внесе позитивна динамика во севкупните билатерални односи, а со неговото потпишување во 2017 година двете држави дадоа позитивен пример за надминување на останатите отворени прашања во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG