Линкови за пристапност

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија


Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Опозицијата, скептична. Бара детали за оптимизмот.

Опозицијата се сомнева дека зад последните оптимистички изјави на премиерот за ситуацијата со Бугарија, се крие, како што ВМРО-ДПМНЕ го нарекува, обезличување на земјава. Повикот од партијата на Мицкоски е премиерот да не се крие и јавно да каже за што всушност станува збор.

Наместо да молчи и да се однесува како кукавица каде што ќе се обиде повторно да им забие нож во грб на граѓаните кукавички и да ги обезличи уште повеќе, нека се одважи и нека говори јавно
Арсовски, ВМРО-ДПМНЕ


„Наместо да се крие позади надежни изјави кои што ги дава деновиве, Зоран Заев треба да одговори неколку работи кои што ја интересираат јавноста. Наместо да молчи и да се однесува како кукавица каде што ќе се обиде повторно да им забие нож во грб на граѓаните кукавички и да ги обезличи уште повеќе, нека се одважи и нека говори јавно за целиот проблем, начинот и текот на преговарање со источниот сосед“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДМПНЕ.

„Не може оние кои се контра ЕУ и НАТО, оние кои се контра сопствениот народ, да се нудат како спасители. Мицковски нема став за ниту една тема, за ниту една стратешка позиција, тој е изгубен во времето и просторот“, вратија од владејачкиот СДСМ. Реакциите на ВМРО-ДПМНЕ следат по вчерашната изјава на Заев во која тој рече дека Северна Македонија не е многу далеку од договор со Бугарија која на состанокот на европските министри минатата недела ја испорача својата блокада за почеток на пристапните преговори со земјава.

Нормално, се развиваат идеи, се разглобува секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградените европски вредности во него.
Заев, премиер на Северна Македонија


„Како што реков, ние не сме многу далеку од договор. Само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас. Верувам дека ќе случи, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е, и една средба меѓу мене и премиерот Борисов, а верувам дека и нашите работни групи коишто контактираат интензивно ќе создадат и атмосфера за тоа, зборувам за двете страни. Нормално, се развиваат идеи, се разглобува секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградените европски вредности во него. Јас верувам дека тоа е возможно.“, оцени Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Заев не зборуваше во детали на што го базира својот оптимизам. Поконкретен беше неговиот коалициски партнер – Али Ахмети кој изјави дека „со Бугарија се разменети документи за кои не сака да зборува во јавноста и дека ја чека реакцијата од Бугарија“. Засега, нема официјална потврда за каков тип на документи станува збор, што тие содржат, ниту пак има некаква реакција од Софија. Дали ќе има ефект дипломатскиот процес кој се одвива меѓу двете земји ќе се знае на 8 декември кога е наредното заседание на Советот за оптши и заеднички работи на ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG