Линкови за пристапност

Претседателот Трамп се закани со повлекување од Светската трговска организација


„Ако не се преструктуираат, ќе се повлечеме од СТО“, најави првиот човек на САД.

Претседателот Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација ако глобалната трговска организација „не се преструктуира“.

„Ако не се преструктуираат, ќе се повлечеме од СТО“, изјави Трамп за Блумберг Њуз. Трамп рече дека договорот за формирање на СТО е „најлош трговски договор во историјата“.

Повлекувањето од него, ќе ја поткопа основата на глобалниот систем на тргување, во чие основање, САД беа важни во воспоставувањето на трговските односи.

Трамп рече дека одлуките на СТО при спорови меѓу членки не се на американска страна, но за време на интервјуто за Блумберг рече дека САД почнуваат да го добиваат тужбите со трговските партнери кои се противат на воведените тарифи.

Заканата на претседателот на САД да се повлечат доаѓа откако за Блумберг најави воведување нови санкции за дополнителни 200 милијарди долари врз кинески добра, уште следната недела.

Трамп исто така се закани дека ќе ги зголеми тарифите за странски автомобили, при што претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предупреди дека ЕУ ќе возврати со свои мерки.

Руското министерство за економија исто така одговори на заканите на Трамп со предупредување дека американската економија ќе страда ако не игра според правилата на трговската организација.

Глобалните берзи главно забележа пад, по заканите од Трамп за воведување нови тарифи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG