Заканите, исто како и денешниот свет, се менуваат, предупреди директорот на национално разузнавање Џејмс Клапер, кој е главен советник на американскиот претседател за разузнавачки прашања од национална безбедост.
Во документот Проценката на заканите, доставен до Сенатската комисија за разузнавање, Клапер наведува дека денешните закани се разновидни, поврзани и се шират побрзо од кога и да е` порано.
Нападите, независно дали се кибернетски или економски се карактеризираат со тоа што напаѓачот, лесно може да ги порекне и многу често не може да му се припишат, наведува првиот американски разузнавач, и додава дека уништувањето може да биде невидливо, латентно и натамошно да се шири. И локални настани, кои можеби изгледаат нерелевантни, може да се одразат врз американската национална безбедност, предупреди Клапер.
Извештајот се осврнува на одделни делови од светот и ги сумира безбедносните ризици. Во делот за Балканот стои дека етничките и внатрешни политички поделби и годинава продолжуваат да претставуваат голем ризик по регионалната безбедност.
За Македонија, американското разузнавање не очекува враќање на насилството од граѓанска војна пред една деценија. Сепак, несогласувањата меѓу албанската и македонската заедница може уште повеќе да се поларизираат годинава, се наведува во документот, со забелешка дека внимание предизвикува и напнатоста меѓу Македонија и Бугарија. Како заокружување на целата слика, натамошното противење на Грција - земјата да го користи името Македонија - е уште еден извор на конфликт и ја блокира земјата кон нејзините аспирации за членство во НАТО и ЕУ, се вели во документот на директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер.