Линкови за пристапност

СЗО: Со 6 милијарди долари помош, може рапидно да се елиминира хепатитот Б и Ц


Светската здравствена организација објави дека од хепатитот Б и Ц глобално заболуваат 325 милиони луѓе, а умираат 1,4 лица годишно.

Хепатитот Б и Ц се вирусни инфекции кои се пренесуваат преку контакт и крв. Овие два вируса предизвикуваат цироза и рак на црниот дроб и се причина за смрт во 90 отсто од заболувања поврзани со хепатит.

Светската здравствена организација објави дека од хепатитот Б и Ц глобално заболуваат 325 милиони луѓе, а умираат 1,4 лица годишно.

„Бројката на смртни случаи од хепатит е зголемена во последните две децении. Најстрашно е што хепатитот е тивок убиец. Од 275 милиони луѓе коишто живеат со хепатит Б, само еден на 10 се дијагностицирани и само околу 4, 5 милиони добиваат соодветен лекарски третман“, вели Марк Балтерс од СЗО.

Истражувањето на СЗО покажа дека хепатитот може да се елиминира како здравствена закана во 67 држави со ниски и средни примања до 2013-та, за 6 милијарди долари годишно.

Најсиромашните земји во светот може да купат лекови за 89 долари преку програмата за развој на ОН и Гави - глобална алијанса за вакцини.

„Лекувањето во САД пред две годни чинеше 84.000 долари, а лекарства со 1000 таблети сега чини 89 долари во сиромашните и земји со среден стандард“ вели Балтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG