Линкови за пристапност

Пандемијата со коронавирусот ја зголеми сиромаштијата и гладта во 2020-та


Светскиот ден за храна испраќа аларм за итни мерки за најпогодените во светот

Програмата за храна на ОН објави дека напорите за сузбивање на гладта имаат уназадување од 10 години поради пандемијата.

Првиот економист на ФАО, Максимо Тореро Кулен, рече дека проблемот не е недостиг од храна, туку пристап до храната.

„Луѓето немаат пристап до храна затоа што губат работни места, немаат примања, а земјите во развој се соочуваат со значителни предизвици поради рецесијата во светот, и затоа има зголемување од 132 милиони, кои имаат недостиг од храна“, рече Кулен.

Тој предвидува влошување на состојбата.

„Очекуваме зголемување на стапката на екстремна сиромашија за над 150 милиони луѓе“, оцени овој економист од ФАО.

Најпогодени ќе бидат луѓето што се изложени на немири и климатски промени.

Во делови од Источна Африка, веќе се чувствуваат последиците од климатските промени
Кулен, ФАО


„Во Суб-сахарска Африка, претежно се соочуваат со конфликти. Во делови од Источна Африка, веќе се чувствуваат последиците од климатските промени“, изјави Кулен.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст се осврна на кризата во Африка.

„Анкетите меѓу 2400 лица во 10 африкански земји покажаа дека 94% од испитаниците навеле дека има зголемување на цената на храна по локалните пазари. Исто така 82% од анкетираните навеле дека ги загубиле примањата поради пандемијата“, оцени Хамиматоу Амадоу од канцеларијата во Дакар.

Само 7% од луѓето рекле дека имаат доволна заштеда да ја надминат актуелната криза.

Освен Африка, Програмата за храна на ОН изрази голема загриженост за Јужна Америка, која е особено погодена од пандемијата со Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG