Линкови за пристапност

Вербална меѓупартиска војна за проблемот со стечајците


Вербална меѓупартиска војна за проблемот со стечајците
Вербална меѓупартиска војна за проблемот со стечајците

Предлог-законот за решавањето на проблемот на оваа категорија социјално загрозени граѓани не доби поддршка во Собранието.

Околу илјада стечајци од повеќе градови во земјава пеш од наплатната станица на автопатот кај Петровец маршираа до Собранието во знак на револт заради тоа што не се решава нивиот проблем. Бараат 100 евра месечно додека не најдат нова работа или додека не се пензионираат.

„За државата ние треба да бидеме приоритетот, а не спомениците кои се градат“, велат организаторите на овој протест.

Пред Собранието тие се сообраа со цел да ја поддржат иницијативата на опозицијата да се реши проблемот. Се расправаше за предлогот на опозиционерите по Предлог-законот за обезбедувањето на невработените лица. Според иницијаторите на расправата со закон треба да бидат опфатени стечајни работници со 15 години стаж и возраст од над 50 години.

„За да се обезбедат овие лица потребно е да се издвојат 12 милини годишно“, рече Маријанчо Николов од СДСМ.

Владеачкото мнозинство го отфрли предлогот со образложение дека е нефункционален и дека нема да им помогне на стечајните работници кои без работа останале по вина на власта на СДСМ. „Овој предлог е само политички маркетинг на опозицијата“, рекоа претениците од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека стечајците протестираа пред Собранието, пред седиштето на социјалдемократите протест организраше здружението „Жртви на транзицијата“. Според нив токму лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски е виновникот „за илјадниците загрозени животи како резултат на криминална транзиција спроведувана во 90-те години“.

На овој протест реагираа од СДСМ со изјава во која се вели дека здружението е злоупотребено од владеачката партија и дека ако навистина сакаат правда, треба да ја бараат пред владата, бидејќи проблемот на стечајците е создаден кога актуелниот премиер ставил потпис на ФЕСАЛ 2 аранжманот.

Со контра реакција се јави штабот на владеачката партија:

„СДСМ си ја создаде својата црвена буржоазија, а народот остана осиромашен и ограбен ... Фактот што денес со невистини, навреди и клевети СДСМ жолчно реагира е само доказ за нечистата совест на Бранко Црвенковски, кој е одговорен за судбината на овие луѓе“, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG