Американската сојузна држава Тексас се бори со диви пожари кои уништија стотици домови и изгореа близу 15 000 хектари почва.
Се јавува за две загинати лица од пожарите – една 20-годишна мајка и нејзиното дете, што не се евакуирале пред огнената стихија.
Шеесет и три нови пожари горат во Тексас, додека државата страда од најлошата суша во децении. Сувата земја и ветровите од тропското невреме Ли што дојде на копно во неделата од граничната држава Луизијана го поттикнаа огнот.