Линкови за пристапност

Завршува сведочењето за Викиликс


Завршува сведочењето за Викиликс
Завршува сведочењето за Викиликс

Финални аргументи во распитот за војникот обвинет дека предал доверливи информации на Интернет-страницата.

Денес треба да заврши судскиот распит на кој се одлучува дали армискиот аналитичар, војникот Бредли Менинг ќе биде изведен пред воен суд за предавање на тајни документи на Викиликс.

Обвинителството и одбраната ќе ги презентираат финалните аргументи на распитот во базата Форт Мид во Мериленд, во близина на Вашингтон. Обвинението против Менинг содржи 22 точки, меѓу кои и помагање на непријателот.

Вчера, стручњаци кои ги повика обвинителот сведочеа дека имаат докази дека Менинг префрлил дипломатски телеграми на музички компакт-дискови што потоа ги предал на Интернет-страницата Викиликс.

За време на шестдневното сведочење, адвокатите на Менинг го опишаа својот клиент како проблематичен човек кому не требало да му се даде пристап до доверливи материјали додека бил на служба во Ирак од ноември 2009-та до мај 2010-та.

Менинг, кој не се произнесе дали е виновен или не, наводно ги споделил документите со Викиликс, по што страницата почна да ги објавува во јули 2010-та. Тој е во притвор веќе 19 месеци. Доколку биде осуден за виновен, може да добие доживотна казна затвор.

XS
SM
MD
LG