Милиони деца не примиле основни вакцини лани во време кога светот се обидува и натаму да застане на нозе по пандемијата со Ковид-19. Многу млади и натаму се под опасност да бидат заразени од зарази како заушки и сипаници.
Светската здравствена организација СЗО истакна дека 23 милиони деца ги промашиле редовните вакцинации во 2020-та, што е 3,7 милиони повеќе од 2019-та.
Над 17 милиони деца, објави СЗО, „веројатно нема да примат ниту една доза вакцини годинава, при што се проширува недостигот од пристап до вакцините“.
„Ова е отрезнувачки повик“, изјави д-р Сет Беркли, извршен директор од Гави, Алијансата за вакцинација. „Не смееме да дозволиме, Ковид-19 да биде оправдување за ширење на болести кои што може да се спречат и искоренат“.
Facebook Forum