Тајната служба на САД врши истрага да го пронајде испраќачот на писмото кое содржело неидентификуван бел прав адресиран за Доналд Трамп – јуниор, синот на претседателот, во неговиот апартман во Њујорк. Инцидентот предизвика безбедносна тревога.
Писмото на Трамп го отворила сопругата Ванеса, која потоа почувствувала слабост и кашлица. Повикала брза помош и заради предострожност, била веднаш хоспитализирана .
Првичните тестови покажале дека белата супстанца не е опасна по здравје.
Во 2016-та, сличен бел прав кој се покажал за безопасен, бил испратен во домот на Ерик Трамп, брат на Трамп - Јуниор.
Американските власти се наоѓаат под зголемено ниво на будност за писма коишто содржат бел прав од 2001-та година, кога писма од непознат испраќач со антракс беа испраќани до американски законодавци и медиумски куќи.
Facebook Forum