Линкови за пристапност

Белата куќа се фокусира на олеснување на доставата на намирниците до продавниците


Меѓу учесниците на разговорите во Белата куќа се претставници од Хоум Дипо, Волмарт, Пристаништето на Лос Анџелес, Ју-Пи-Ес.

Американскиот претседател Џо Бајден се среќава со претставници од најголемите компании за транспорт и нивните Синдикати при што ќе разговара за начинот на олеснување на синџирите на снабдување.

Бројни индустрии се соочуваат со тешкотии да стасаат до материјали и да ги достават продуктите со полиците на продавниците поради предизвиците со пандемијата со коронавирусот, недостигот од работна сила, и зголемената побарувачка меѓу потрошувачите.

Меѓу учесниците на разговорите во Белата куќа се претставници од Хоум Дипо, Волмарт, Пристаништето на Лос Анџелес, Ју-Пи-Ес.

„Еден од предизвиците со кои се соочуваме е одложувањето на минувањето на стоката и добрата во нашите пристаништа, и нивно доставување до муштериите во земјата. Треба да се надмине, тој застој“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Секретарката за финансии Џенет Јелен за Си-Би-Ес, изјави дека додека не се очекува комбинацијата од намалено производство и зголемена побарувачка да трае во недоглед, предупреди дека таквата состојба нема да се смени во следните - еден до два месеци.

„Се работи за неочекуван шок за глобалната економија, и во моментов има застој во производствениот процес, предупреди таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG