Линкови за пристапност

Белата куќа формулира прописи за однесување на известувачите од пресовите


„Ако бидат непристојни, ќе бидат исфрлени од прес-конференција“, најави претседателот Трамп за Фокс Њуз.

Белата куќа планира повторно да му ја одземе акредитацијата на дописникот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста, кога со одлуката на судија на крајот од ноември, кога ќе му истече привремената забрана за Авенијата Пенсилванија 1600, ќе може повторно се врати и да ги извршува своите работни обврски.

Администрацијата на претседателот Трамп му забрани пристап на Акоста на територијата на Белата куќа откако имаше вжештена размена на аргументи со претседателот на прес-конференција во Белата куќа по делумните конгресни избори.

Но, федерален судија во Вашингтон, кој беше именуван од оваа администрација, се согласи со тужбата од Си-Ен-Ен дека забраната ги крши уставните права на Акоста за слобода на печатот откако Белата куќа му воведе привремена дво-неделна забрана за користење за влез и пристап до премисите на Белата куќа.

Но, во интервју за телевизиската Фокс, означувајќи го како „неверојатно непристоен“ кон портпаролката Сара Хакаби, Трамп рече дека неговата администрација во моментов ги формулира „правилата и прописите“ за постојани известувачи од Белата куќа. „Ако не се однесува пристојно, ќе биде исфрлен од прес-конференција или ќе биде прекината прес-конференцијата, и јас ќе заминам“, додаде претседателот Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG