Линкови за пристапност

Белата куќа разгледува воведување задолжително вакцинирање на федералните работници


Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја врати политиката за носење маски во области каде има зголемен ризик од ширење на пандемијата, независно од статусот со вакцинацијата.

Белата куќа сериозно размислува да воведе барање до федералните работници за целосно вакцинирање против коронавирусот или во спротивно на неделна база да поднесуваат примероци од тестови, и да носат маски, објави Асошиејтед Прес.

Ова е потенцијално голема промена во досегашната политика што рефлектира загриженост од ширењето на сојот делта.

Евентуално задолжително вакцинирање за федералните работници, независно од степенот на ширење на вирусот во регионот каде живеат, е една од опциите коишто ги разгледува администрацијата на Бајден. Белата куќа се очекува да објави конечна одлука по целосно разгледување на прописите, пренесува АП.

Според Канцеларијата за менаџмент и буџет, во 2020-та имаше повеќе од 4,2 милиони федерални вработени на национално ниво, вклучувајќи и во армијата.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја врати политиката за носење маски во области каде има зголемен ризик од ширење на пандемијата, независно од статусот со вакцинацијата.

И во Белата куќа се врати политиката на носење маски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG