Линкови за пристапност

Сенатори со тужба ја оспоруваат одлуката на Трамп да го постави Витакер за нов јавен правобранител


Тројца сенатори од редовите на демократите поднесоа тужба за оспорување на одлуката со која претседателот Доналд Трамп го назначи Метју Витакер за вршител на должноста главен јавен правобранител. Тие тврдат дека со таа одлука се попречува истрагата за евентуалната руска вмешаност во претседателската кампања на Трамп во 2016 година.

Сенаторите Ричард Блументал од Конектикат, Шелдон Вајтхаус од Род Ајленд и Мејзи Хироно од Хаваи, тужбата ја поднесоа вчера во федерален суд во Вашингтон.

Тоа е четврта правна постапка против назначувањето на Витакер. Тој е поставен на местото на претходниот правобранител, Џеф Сешнс, чија одлука да се огради од истрагата за евентуалната руска вмешаност во предизборието во 2016 година, наиде на бројни критики од страна на Трамп.

Витакер до сега нема преземено никаква јавна акција против истрагата, ниту, пак, се има изјаснето како го гледа неговото назначување на позицијата.

XS
SM
MD
LG