Линкови за пристапност

Кој е Метју Витакер, кој го замени Џеф Сешнс


Трамп го смени Сешнс синоќа откако го критикуваше повеќе од една година за неговото мешање во истрагата што ја спроведува Мулер, што и покрај притисоците го остави заменикот јавен обвинител Род Росенстајн да ја надгледува истрагата

Метју Витакер, именуван од американскиот претседател Доналд Трамп како вршител на должноста јавен правобранител, сега ќе ја надгледува истрагата за врските на кампањата на Трамп со Русија.

49-годишниот Витакер му се приклучи на Одделот за правда како шеф на Кабинетот на тогашниот јавен правобранител Џеф Сешнс откако честопати изразуваше негодување со истрагата на специјалниот истражител Роберт Мулер за руското мешање во изборите и дали Трамп, како претседател вршел опструкција на правдата за време на истрагата.

Трамп го смени Сешнс синоќа откако го критикуваше повеќе од една година за неговото мешање во истрагата што ја спроведува Мулер, што и покрај притисоците го остави заменикот јавен обвинител Род Росенстајн да ја надгледува истрагата.

Витакер не даде индикации дека планира да наметне контрола врз истрагата на Одделот за правда, истакнувајќи дека е „определен да го води Одделот според „највисоките морални стандарди, загарантирани со владеењето на правото и правда сите Американци“.

Во биографијата на Витакер се вели дека едновремено бил јавен обвинител во сојузната држава Ајова и фудбалер за тимот на државниот универзитет. Неколкупати сугерираше начини да замре истрагата на Мулер без да се отпушти, вклучувајќи и можност за виртуелно да се елиминира финансирањето.

Во јули 2017-ма, во коментар за Си-Ен-Ен, пред да влезе во Одделот за правда, понуди сценарио со кое Трамп може да го отпушти Сешнс и да го замени со привремен јавен обвинител, како и` што се случи вчера.

Витакер во телевизиските оценки сугерираше дека неговата замена може да скрати финансирањето на истрагата на Мулер и „неговата истрага може сама да замре“.

Тој рече дека проширувањето на истрагата „може да покрене сериозна загриженост“ и дека истрага е „лов по вештерки“, опис кој што претседателот Трамп честопати го користи во медиумите.

Витакер претходно учествуваше во републиканската номинација за сенатско место во Ајова во 2014-та, но заврши четврти зад Јони Ернст, кој победи на општите избори за Сенатот.

Критичарите на Витакер изразија загрижност дека тој претставува закана за истрагата што ја предводи Мулер.

Конгресменот Адам Шифт од Калифорнија рече: „Претседателот Трамп го смени Џеф Сешнс. Тој сака јавен обвинител кој ќе служи на неговите интереси, а не на јавноста. Истрагата на Мулер и независноста на Одделот за правда, мора да бидат заштитени“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG