Линкови за пристапност

Англо-американска соработка за поддршка за Балканот


Американската администрација и натаму е ангажирана во регионот

Невладината организација Алијанса на САД и Европа во соработка со Обединетата македонска дијаспора и Советодавниот совет на Босна и Херцеговина во Вашингтон го презентираше документот за Западен Балкан во периодот пост Брегзит, и новата англо-американската соработка на Балканот.

На настанот, стана збор политичката криза во која беше втурнат Западниот Балкан, откако Франција не даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија. Според дискутантите, претседателот Ричард Кремер и ко-претседавачот Реуф Бајровиќ од Алијансата за Европа и САД, не треба да се занемари значајноста од проширувањето на ЕУ и ефектот што тој процес го има врз земјите од регионот, како на политички така и на економски план во последните 20-на години. Затоа, според нив, трансатлантските односи и демократските вредности сега се доведени во прашање поради застојот од проширувањето на ЕУ и тој празен вакуум може да го заземат Русија и Кина.

Запрашани за актуелниот ангажман на Балканот од американската администрација, Бајровиќ и Кремер беа едногласни дека тој не е намален и оти најдобар пример е заложбата и безрезервната поддршка на Вашингтон за Северна Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG