Многу мал број на тинејџери, знаат како да се заштитат од полово преносливите болести, несаканата бременост и каде за тоа можат да се обратат, за да го заштитат своето репродуктивно здравје. Вакви резултати произлегле од неодамнешна анкета спроведена помеѓу учениците од средното стручно училиште Нико Нестор од Струга, од страна на учениците од здравствената струка.
Сметаме дека пристапот до информации на младите за полово преносливите болести не е доволен. Најчестиот извор на информации се оние непрофесионални информации, од врсниците и социјалните медиуми.Балоска, ученичка
„Сметаме дека пристапот до информации на младите за полово преносливите болести не е доволен. Најчестиот извор на информации се оние непрофесионални информации, од врсниците и социјалните медиуми. Едукацијата на младите во училиштата е недоволна. Учениците често се здобиваат со погрешни информации и се градат голем број на предрасуди“, вели, Марина Балоска, ученичка во медицинска струка во средно училиште Нико Нестор, Струга.
По повод светскиот ден за борба против ХИВ Сида и неделата за борба против Сида, ученици од четврта година од оваа насока, го пренесоа своето знаење на останатите, со цел подигнување на свеста за спречување и заштита од ваквиот тип на болести.
Популацијата под 25 години, затоа што е сексуално најмногу активна е најмногу изложена на ризик од овие болести.Солакоска, ученичка
„Популацијата под 25 години, затоа што е сексуално најмногу активна е најмногу изложена на ризик од овие болести. Им укажавме и на клиничката слика, како и на симптомите кои можат да се пројават, затоа што тие не треба да се занемарат“, Емилија Солакоска, ученичка во медицинска струка во средно училиште Нико Нестор, Струга.
Беа изработени и едукативни флаери, и одржани презентации на класните часови.
„Ученците од медицинската струка, од сите години, влегуваа во класовите на класен час, ги поделија материјалите кои ги имаа изработено“, коментира Кети Јанкоска, директорка на средно стручно училиште Нико Нестор-Струга
Волонтерите на Црвениот крст во Охрид на минувачите, вработените и посетителите во градските кафулиња, маркети, им ставаа црвени панделки како универзален симбол за свеста дека Сидата постои и како поддршка на оние кои живеат со СИДА.
Инаку во Северна Македонија во 2021 година регистрирани се вкупно 42 нови лица со потврдена ХИВ/СИДА-инфекција, а четири лица починале. На Клиниката за инфективни болести, околу 330 пациенти моментално примаат терапија. Според најавите, буџетот на програмата за ХИВ за 2022-ра, ќе се зголеми од 87,7 на 125 милиони денари. Со овие средстава обезбедена е антиретровирусна терапија за пациентите со ХИВ, како и помош за мерките за превенција што ги спроведуваат здруженијата.
Светскиот ден за борба против СИДА, годинава се одбележува под мотото „Крај на нееднаквостите, крај на СИДА-та.
Facebook Forum