Линкови за пристапност

Астрономи откриле планета покриена со океан


Астрономи откриле планета покриена со океан
Астрономи откриле планета покриена со океан

Планетата е единствена од овој вид до сега пронајдена.

Истражувачи на Центарот Харвард-Смитсониан за астрофизика во Масачусетс, планетата што ја нарекле ГЈ-1214б ја опишуваат како воден свет опкружен од дебела покривка од пареа. Тие велат дека планетата е речиси три пати поголема од Земјата и тежи близу седум пати повеќе.

Величината и масата на планетата се потврдени од вселенскиот телескоп Хабл. Астрономите требало да направат нова квалификација за да ја сместат планетата под вода, зашто не можела да се приклучи на друга позната категорија, кои се главно карпести, од мраз и од гас. Планетата е околу 40 светлосни години оддалечена од нас, што е блиску според космичките стандарди. Таа орбитира околу црвена џуџеста ѕвезда секои 38 часа на растојание од само два милиони километри. Близината на сонцето прави температурата на површината да биде 230 целзиусови степени, што е премногу жешко за развивање живот на кој сме навикнале.

XS
SM
MD
LG