Линкови за пристапност

Жени кои одбиле да го прифатат светот каков што бил


Доделени признанија на десет храбри активистки на церемонија во Вашингтон.

Десет од водечките жени – активисти во светот се одликувани за нивните напори за подобрување на животите на жените и покрај пречките и заканите за нивната безбедност.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и првата дама Мишел Обама по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, ги доделија овогодишните награди за храброст за време на церемонија во Вашингтон.

Клинтон подвлече дека добитничките работеле неуморно за да ги подобрат животите на жените и девојките и покрај тоа што имало и ситуации кога биле приведувани и малтретирани.

Мишел Обама ги пофали овие жени што одбивале да го прифатат светот каков што е и наместо тоа да се борат за преобразба на светот како што би требало да изгледа.

Меѓу добитничките на наградата се Хана Елхебши, политичка активистка од Либија и Џинет Бедоја Лима, новинарка од Колумбија која продолжила да пишува за прашањата на жените и покрај тоа што биле силувани и мачени заради тоа што го обелодениле постоењето на мрежите за шверц со оружје.

XS
SM
MD
LG