Линкови за пристапност

Сенаторката Елизабет Ворен се откажа од претседателската трка


70-годишната сенаторка засега не поддржа никој од преостанатите кандидати

Сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен се откажа од трката за демократската претседателска номинација по разочарувачките резултати од гласањето во 14 сојузни држави во супер-вторникот, вклучувајќи го и третото место во нејзината сојузна држава.

Таа засега јавно не го поддржа ниту Берни Сандерс, ниту Џо Бајден, иако одделно денеска разговарала со обајцата.

По веста дека Ворен се откажува од трката, се огласи републиканскиот претседател Доналд Трамп кој истакна дека „нејзината одлука доцни три дена“, и оти поради неа, Сандерс загубил во најмалку три сојузни држави на супер-вторникот и веројатно, според Трамп, нема „ни да стаса до партиска номинација“.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1235598653114511360

Поранешниот потпретседател Бајден има мала предност со 565 делегати пред сенаторот од Вермонт Сандерс, кој освои 506 делегати.

До партиската номинација на Демократите во јули, на обајцата им се потребни најмалку 1991 делегат.

XS
SM
MD
LG