Линкови за пристапност

САД негираат дека платиле за ослободување американски заложници во Северна Кореја


Извори за Пост велат дека специјалниот американски пратеник кој бил испратен да го донесе коматозниот Ото Вармбиер потпишал договор да бидат испратени медицинските трошоци од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Северна Кореја поднесе фактура за наплата на два милиона долари за медицинска нега за американски студент кој беше приведен во Пјонгјанг во 2016-та и беше вратен во САД во коматозна состојба по повеќе од една година, според извештај на Вашингтон пост.

Извори за Пост велат дека специјалниот американски пратеник кој бил испратен да го донесе коматозниот Ото Вармбиер потпишал договор да бидат испратени медицинските трошоци од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фактурата е стасана во Одделот за финансии, но нејасно е дали администрацијата во Вашингтон го платила износот.

Претседателот Трамп на 30-ти септември изјави дека неговата администрација не платила ништо за американски заложници да бидат ослободени од Северна Кореја.

Вармбиер имаше 21 година кога беше уапсен. По емотивно извинување во судот во Пјонгјанг, сепак, беше осуден на 15 години принудна работа во затвор во Северна Кореја.

Студентот Вармбиер беше приведен во 2016-та во јануари наводно за крадење на знак од хотел во Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG