Линкови за пристапност

Вухан денес: Конечно, животот почна да се враќа во нормала


Денеска реализирани 221 патнички лет до и од Вухан

Жителите од Вухан почнаа да патуваат од границите на градот денеска, прв пат откако пред речиси 3 месеци беше воведен строг карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.


Кинеската цивилна воздухопловна управа јави дека денеска се реализирани 221 патнички лет до и од Вухан, и на првите жители им е овозможено слободно да патуваат. Околу половина милион жители денеска слободно минуваат мостови, тунели и возеа по автопатишта во околината, од почетокот на јануари, кога беше воведен карантинот во градот од 11 милиони жители.

Коронавирусот беше детектиран минатиот декември во Вухан, главниот град на провинцијата Хубеи, но брзо се прошири низ и надвор од нејзините граници затоа што граѓаните почнаа да патуваат за Лунарната Нова Година.

Повеќето од 82.000 заболени случаи во Кина беа регистрирани во Вухан, а над 3300 лица починаа од КОВИД-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG