Линкови за пристапност

Пенс: САД ќе застанат зад сите Иранци кои сакаат подобра и просперитетна иднина


Ексклузивно интервју со попретседателот Мајк Пенс за Гласот на Америка

Интервју со американскиот потпретседател Мајк Пенс на надворешната соработничка на Гласот на Америка Грета ван Сустерн
Интервју со американскиот потпретседател Мајк Пенс на надворешната соработничка на Гласот на Америка Грета ван Сустерн

„Важно е да напомене дека најпрво, Иран е водечка земја со државно спонзорирање на тероризмот. Режимот врши репресија врз народот, ги поништува основните човекови права и продолжува да биде голема дестабилизирачка сила“, изјави американскиот попретседател Мајк Пенс во ексклузивното интервју со надворешната соработничка на Гласот на Америка Грета ван Сустерн.

Тој оцени дека да се видат Иранците како протестираат и бараат промени во нивната земја, го омекнува срцето на секој Американец и секој човек кој ја слави слободата. Според него, има драстичен контраст меѓу премолчената реакција од американскиот претседател во 2009-та, за време на Зелената револуција.

„Јасната и навремена поддршка на претседателот Трамп за демонстрантите во Иран, е конзистентна со улогата на Америка како водечки поборник за заштита на слободата", рече потпретседателот Пенс за Гласот на Америка.

Пенс направи споредба на актуелната администрацијата, со онаа на претходникот, Барак Обама, што се однесува до случувањата поврзани за Иран.

„Разликата е огромна меѓу молкот и неуспехот да се поддржи слободата од претходната администрација и недвосмислената волја денес, да се застане зад храбрите жители на Иран“, потенцираше Пенс.

Протестите се шират во повеќе градови во Иран
Протестите се шират во повеќе градови во Иран

Тој рече дека разбира оти ваквата поддршка од претседателот Трамп им дава надеж на демонстрантите, но и во останатите градови коишто се приклучуваат на бранот протести против режимот во Техеран. „Ве уверувам, дека САД ќе застанат зад сите Иранци кои сакаат подобра и просперитетна иднина“, истакна потпретседателот.

Критичкиот тон за претходната администрација, продолжи и со оваа изјава: “Не само што молчеа тогаш кога храбри луѓе излегоа по улиците за демократијата, туку презедоа чекор напред и го поддржаа катастрофалниот нуклеарен договор со Иран“.

Запрашан за можноста дали дополнителни санкции врз властите во Иран негативно ќе се одразат врз демонстрантите по улиците, потпретседателот Пенс со оценка: „Сметаме дека санкциите не само што даваат резултат во Иран, туку имаат ист ефект и врз Северна Кореја. Претседателот и актуелната администрација имаат заложба да продолжат да воведуваат нови економски санкции. Истовремено, изготвуваме нов договор со нов сет на услови кога станува збор за нуклеарната програма на Иран. Реалноста е да му се оневозможи на Иран да стаса до нуклеарно оружје“, заклучи потпретседателот Пенс во ексклузивното интервју со надворешната соработничка на Гласот на Америка, Грета ван Сустерн.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG