Линкови за пристапност

„Океанска трка на Волво“


„Океанска трка на Волво“
„Океанска трка на Волво“

Елитни едриличари на пат околу светот.

Едно од најиздржливите, најсуровите спортски натпреварувања што не нуди парична награда, туку само трофеј - „Океанската трка на Волво“ е едриличарски маратон што почна на 29-ти октомври, а ќе трае до крајот на јули наредната година.

Трката е голем предизвик, возбудлива, опасна и трае долго време. 11-тата по ред „Океанската трка на Волво“ ја сочинува елитна група морепловци на нивните едрилици вредни милиони долари, на патешествие од 39.000 наутички милји околу светот и со температури кои варираат од – 15 до + 40 степени!

Шесте едрилици имаат 11-члени меѓународни екипажи и ги претставуваат Обединетите Арапски Емирати, Кина, Франција, Шпанија, Нов Зеланд и САД.

На шпанската едрилица „Телефоника“ има тројца носители на златен медал од Олимписките игри. Еден од нив е Икер Мартинез. Неговата екипа победи во првата етапа, од Аликанте, Шпанија до Кејпатун, Јужна Африка.

„Среќни сме. Ова е нешто посебно. Се обидовме и претходно, но не` успеавме. Секојпат научивме по нешто ново“, вели Мартинез.

Трката бара издржливост и концентрација. Колку е опасна искуси Мајк Паментер од Јужна Африка, кој го повреди лицето кога немирните води на океанот го фрлија од едрилицата.

Идни станици се Обединетите Арапски Емирати, Кина, Нов Зеланд, Бразил, САД, Португалија и Франција, а трката ќе заврши во Галвеј, Ирска, на почетокот на јули.

XS
SM
MD
LG