Линкови за пристапност

Трамп – Путин на 16-ти јули во Хелсинки


Белата куќа и Кремљ истовремено потврдија

Првиот формален самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин ќе се одржи на 16-ти јули, во Хелсинки, Финска.

Најавата дојде само еден ден по посета на советникот за национална безбедност Џон Болтон на Москва, по разговорите со Путин и високи руски претставници.

Болтон рече дека во Москва ја отворил темата за руското мешање во изборите во САД, и се очекува за тоа прашање да се дискутира на средбата меѓу двајцата лидери.

Вашингтон и Москва изразија желба да најдат заедничка основа за прашањата како трката во сферата на вооружувањето и борбата против тероризмот.

Според најавите, самитот меѓу двајцата светски лидери требаше да се случи по учеството на претседателот Трамп на Самитот на НАТО на 11-ти и 12-ти јули, и посетата на Британија на 13-ти јули.

Виена и Хелсинки беа можни локации за средбата.

Претходно, Путин му рекол на Болтон дека неговата посета на Москва ќе ги зголеми шансите да се обноват односите САД-Русија, потенцирајќи дека сега релацијата меѓу двете држави не е во најдобра состојба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG