Линкови за пристапност

Аналитичари: По бугарското вето, Северна Македонија, мора да изгради стратегија


Аналитичари: По бугарското вето, Северна Македонија, мора да изгради стратегија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Аналитичари: По бугарското вето, Северна Македонија, мора да изгради стратегија

Андреја Стојковски, од институтот „Преспа“, вели дека многу подобро би било ако во понатамошните разговори и односи со Бугарија, се внесе нов квалитет.

Преговорите со Бугарија не треба да прекинат и тие треба да продолжат со до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение, но оти е невозможно да се зборува за прашања кои навлегуваат во правото на самоопределување на граѓаните. Ова го велат дел од аналитичарите, со кои зборуваше Гласот на Америка.

Андреја Стојковски, од институтот „Преспа“, вели дека многу подобро би било ако во понатамошните разговори и односи со Бугарија, се внесе нов квалитет.

По дефинитивната одлука на бугарските власти да стават вето, односно да го блокираат одржувањето на првата меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија, Симонида Кацарска од институтот за европски политики, вели дека, земјата сега треба да биде многу внимателна, во однос на доаѓањето до можен компромис со официјална Софија.

Несомнено е дека овие прашања за кои што се дискутира и барањата на Бугарија имаат многу пошироки импликации во однос на историјата, гледано не само од наша перспектива, туку и од страна на цела Европа.
Качарска, аналитичарка


„Бидејки несомнено е дека овие прашања за кои што се дискутира и барањата на Бугарија имаат многу пошироки импликации во однос на историјата, гледано не само од наша перспектива, туку и од страна на цела Европа. Поради што мислам дека мора да бидеме вниматлени во било кои разговори и во носењето на одлуки во однос на овие прашања.“, вели Симонида Кацарска.

Андреја Стојковски, извршен директор на институтот „Преспа“, вели дека Северна Македонија, треба да продолжи интензивно да разговора со Бугарија, до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение. Но, смета дека е невозможно да се зборува за прашања кои навлегуваат во правото на самоопределување на граѓаните.

При тоа соочувајќи ја и Бугарија, но и останатите држави, колку во ЕУ, толку и во НАТО, дека ваквите билатерални спорови за апсурдни прашања, како што е историјата, треба да бидат надминати или не треба да бидат дел од практиката на односите во ЕУ
Стојковски, аналитичар


„При тоа соочувајќи ја и Бугарија, но и останатите држави, колку во ЕУ, толку и во НАТО, дека ваквите билатерални спорови за апсурдни прашања, како што е историјата, треба да бидат надминати или не треба да бидат дел од практиката на односите во ЕУ“, заклучи Андреја Стојковски, извршен директор на институтот „Преспа“,

За Стојковски, многу подобро би било ако во понатамошните разговори и односи со Бугарија, се внесе нов квалитет.

„Новиот квалитет го гледам во дискусија за економската соработка, трговската соработка. Го гледам во дискусија за инфраструктурно поврзување. Дури, и во проекти на културна и образовна соработка. Бидејќи, само на тој начин, тежиштето од историјата, нацијата и јазикот ќе го пренесеме на суштинските прашања. На она кое што вистински ги оптоварува граѓаните на двете држави и ќе придонесе за нивното пријателство во иднина“.

Кацарска вели дека земјата, мора да изгради стратегија како да се однесува внатре, но и надвор, после последните случувања: „Оваа ситуација креира ситуација за внатрешен дијалог и потреба за носење на една стратегија, како внатрешно да се посветиме делумно на овие прашања, но и како надворешно ќе комуницираме со голем дел од европските партнери и пошироко, кој, што сепак, поголемиот дел од нив изразија поддршка за Северна Македонија, во контекст на бугарските барања“.

Стојкоски, вели дека и покрај се едноставно откажување од стратешката определба членство во ЕУ е апсурдно и невозможно. Кацарска, пак, смета дека неможноста во текот на германското претседателство да се одржи првата меѓувладина конфеенција, е удар на политиката на проширување на ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG