Свеченото отварање со сечење лента со семејството.
Со многу помпа, раскош и угледни лица од политичкиот естаблишмент од Вашингтон.
Се наоѓа на две улици од Белата куќа. Познатата зграда на Старата пошта во главниот град на САД, едно од најпознатите обележја и доби нов белег, бренд, – Трамп!
Градските власти му ја доделија на компанијата на милијардерот од Њујорк на 60 годишен лизинг, уште во 2012-та.
Униформите, дизајнот, ентериерот, е дело на неговата ќерка Иванка Трамп. Го задржа римско-грчкиот стил, а од познатите марки во фоајето, може да ги најдете италијанскиот дизајнер Бриони, чии одела, се продаваат и по 6000 долари.
Рачно изработениот мебел од 18-то век го краси специјалниот
Претседателски апартман, за оние со подолг џеб, во кого една ноќ чини 15.000 долари, а од одговорните во менаџментот ни потврдија дека е букиран до крајот на декември. Идентитетот на гостите, од разбирливи причини, останува непознат.
Хотелот има 150 соби.
За да ја покрие големата инвестиција за реконструкција на зградата од 1899-та, актуелниот републикански претседателски кандидат инвестирал 42 милиони долари, но земал 700 милиони долари заем од Дојче Банк. Со оглед дека работи за објект од културно-историско значење за Вашингтон, добил даночно олеснување од 20 проценти за реконструкцијата или околу 40 милиони долари.
Пред хотелот на Авенијата Пенсилванија, демонстранти – за и против Трамп - „Дојдов да протестирам против Доналд Трамп. Зашто е измамник, лажливец. Ниту другиот кандидат не е добар избор“, вели дека демонстрант.
„Одвратни се. Поткупени се од Синдидатот, и немаат никаква почит“, коментира еден симпатизер на Трамп.
Како куриозитет, отворањето на најновиот хотел на Трамп се совпадна со роденденот на Хилари Клинтон. Таа наполни – 69 години.