Линкови за пристапност

Мицкоски: „ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори, ќе излезе на избори и ќе победи“


Мицкоски за изборите во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00

Мицкоски за изборите во Северна Македонија

„Она што не плаши е дека земјата е рекордер по бројот на заболени од Ковид-19 во регионот “ – одговори Христијан Мицкоски на вчерашната порака на Зоран Заев дека изборите ќе се одржат на 5 јули.

Според лидерот на опозицијата, тие се подготвени за дијалог и за одржување избори, но само откако ќе заврши пандемијата.

„Секоја чест ако СДСМ и ДУИ се одлучат за избори на 5 јули кога броиме десетици заболени и неколкумина починати дневно, немам што да додадам, ниту да одземам на тоа прашање. Ве молам дајте да се обидеме да спасиме што повеќе човечки животи и да работиме со нашите граѓани на протоколи, на мерки, да ги заштитиме од потенцијалната инфекција на овој вирус. Ајде прво тоа да го завршиме, бидејќи гледаме дека три месеци поминаа зад нас фрлени во ветер, ништо не се случи, ајде прво тоа да го завршиме а потоа првиот слободен термин да ги организираме тие избори. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш за компромис и за разговор и им стоиме на располагање на СДСМ и на ДУИ, доколку ценат дека им е потребен ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу новонастанатата ситуација.“, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG