Линкови за пристапност

Влатко Стефановски: „Сум се изборил за својата вистина и место под сонцето“


Интервју: Влатко Стефановски: „Сум се изборил за својата вистина и место под сонцето“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

Интервју: Влатко Стефановски: „Сум се изборил за својата вистина и место под сонцето“

Познатиот македонски гитарист и музичка легенда кој одржа концерт во Вашингтон, говори за животот и кариерата...

Колку е важна промоцијата на македонскиот мелос во САД, го прашавме Влатко Стефановски:

,,Јас тоа го работам повеќе од 30 години. Првата турнеја на Леб и Сол беше во 1982-ра. Посетивме доста градови – Лос Анџелес, Њујорк, Чикаго, Вашингтон, Денвер, Њу Џерси. Покрај музиката промовираш – култура. Покрај културата, промовираш –држава“, коментира овој гитарист.

„Сеир“ е 32-ри албум во неговата кариера. Го работел, како што вели „мераклиски“, собирал песни 10 години, учејќи од својот и од туѓиот „сеир“.

„Сеир е една балканска особина, гледање на туѓа мака, на туѓ проблем, а занемарување на својот. Не мора секогаш да има негативна конотација. Сеир може да биде и едно балканско седење, неправење ништо и гледање – сеир. Уживање во животот!“, вели тој.

Влатко Стефановски вели дека токму тоа тоа го прави. Ужива. Патува и настапува. Се` уште е ненадминлив бренд. Неодамна свирел во Германија, Романија, и често по просторите на поранешна Југославија.

„Каде се чувствувам најдобро? Во комбе. Најдобро се чувствувам кога возам некаде. Искрено. Зашто никој не ме вознемирува, можам да возам, да медитирам, секоја бензинска пумпа е моја“, додава Влатко Стефановски.

Албумот „Сеир“ веќе се појави на Ај-тјунс. Вели дека соработува со разни луѓе кои организираат концерти и нема свој менаџер, затоа што, како што вели таа професија во денешно време има негативна конотација.

За поп и рок сцената во Македонија денес, Влатко коментира:

„Има поп-ѕвезди во Македонија. Само што полето на делување е прилично ограничено. Малку е патетично да си ѕвезда на толку мал простор“, вели Стефановски.

По децении музицирање и заслужено место високо на музичката сцена, го прашавме дали се чувствува дека конечно е „свој на свое“? Еве како одговори.

„Имам контрола врз тоа што го правам. Ова сакам да го работам, и го работам мило ми е. Ова не сакам да го работам, и не го работам и задоволен сум што не го работам. Можам да се изборам за својата вистина и место под сонцето“, заклучува поранешниот фронтмен на „Леб и Сол“

Го прашавме со кого би соработувал, од светските музичари. Со многу, вели тој, но посебно ги издвои Стиви Вондер и Џеф Бек.

А за плановите за иднина – рече дека одвај чека да се врати дома и во своето студио целосно да се исклучи од надворешниот свет за да се посвети на нови песни, музики, материјали...

XS
SM
MD
LG