Линкови за пристапност

Четкар од Њујорк во КОВИД-19: возам велосипед по празни њујоршки авении; повторно го откривам градот


Четкар од Њујорк во КОВИД-19: возам велосипед по празни њујоршки авении и повторно го откривам градот
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:29 0:00

Четкар од Њујорк - уживам во њујоршката архитектура...

Многу години живее во Њујорк, но како му минува денот во „градот што никогаш не спие“, сега во време на пандемијата?

Во Њујорк живеат повеќе од 56.000 американски и меѓународни уметници и музичари. Меѓу нив е и познатиот македонски џез музичар Владимир Четкар, кој студирал на бостонскиот Беркли. Многу години живее во Њујорк, но како му минува денот во „градот што никогаш не спие“, сега во време на пандемијата?

Тајмс Сквеар
Тајмс Сквеар

Коронавирусот го затекна во Њујорк. Вози велосипед, ужива во празни њујоршки авении, повторно се „вљубува“ во архитектурата на градот.

Настап на Четкар во познатиот њујоршки клуб Дром
Настап на Четкар во познатиот њујоршки клуб Дром

Креативно, го минува времето со компонирање на нови песни, го најави и новиот четврти албум. „Ништо не може да ја замени интеракцијата во живо за еден музичар“, коментира музичарот Владимир Четкар кој се надева дека наскоро ќе почне враќање на трендот на настапи во клубови, дискотеки, музички фестивали...

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG