Критичарите го вбројуваат во еден од најнадежните имиња во џез – соул и фанк жанрот во светот. Владимир Четкар е македонски мулти-талентиран, професионален музичар. Како гитарист, вокалист, композитор, во клубот Дром го промовираше најновиот албум Going home.
Пријатна атмосферата во Дром, култниот џез клуб во Ист Вилиџ, каде го одржал и првиот настап кога се преселил во Њујорк. Носталгичен е за клубот кој има посебен шмек, високи плафони, пријатна атмосфера, светло и озвучување...
Затоа, Going home го промовираше – токму, во Дром:
„Враќањето дома“, секогаш е волшебно чувство и алегорија за новиот наслов на албумот...
„Joyride e возење на задоволство. Сите уживаме во мали работи и едноставни работи, но и во гламурозни нешта. Се ` задоволство ако така го доживуваме. Од нас се` зависи. Една инспирација, поука дека треба да се ужива во моментот“, коментира Четкар.
Открива, зошто повеќето спотови ги снима во неговиот роден Охрид, од каде добива непресушна инспирација -
„Секое зајдисонце одговара на Bosanova или некоја традиционална песна, исто толку убаво...И охридското или преспанско зајдисонце исто прекрасно одговараат како бекграунд на една диско-фанк тема на моите песни“, вели Четкар.
Во Јапонија е особено популарен, музички пазар во подем за независни џез-музичари.
„За мене тоа значи лична сатисфакција, каде една моќна и независна земја не го следи само трендот на највисоките комерцијални артисти, туку оди по свои патишта, и ми го промовира албумот на највисоко ниво во музичкиот свет“, заклучува Четкар.
Најкомотен на сцена е секаде. Ако си искрен во музицирањето, не изостанува повратната реакција –
„Публиката е иста. Љубовта, комуникацијата е иста. Чувството кога ќе почувствуваш искреност во реакцијата е исто – не е битно дали си во Охрид, Скопје, Струга, Токио или Њујорк“, наведува џез-гитаристот.
Зад себе има 3 студиски албуми, и еден снимен, во живо. На бината во њујоршкиот Дром се претстави со 9 музичари. Свиреше колаж од 3 албуми и беше испратен со овации. Њујорк, цени добар фанки блуз и џез!
Од Њујорк замина за Чикаго, а наскоро новиот албум ќе го промовира во Македонија. Наесен, патува за земјата на изгрејсонцето - Јапонија, каде е вистински хит, особено ако се земе предвид дека минатогодишниот сингл „Come With Me“ е во етерот на многу јапонски радија...
Facebook Forum