Линкови за пристапност

Панета ја осудува видео-снимката за Талибан


Панета ја осудува видео-снимката за Талибан
Панета ја осудува видео-снимката за Талибан

Истрагата за инцидентот во Авганистан е во тек

Американскиот секретар за одбрана Лион Панета ја осуди видео снимката објавена на Интернет, на која се гледа како американски маринци уринираат врз мртви тела на талебански борци.

Панета изјави дека видеото е „одвратно“.

Силите на НАТО во Авганистан исто така ги осудија активностите на снимката, зад кои стои мала група американски маринци кои повеќе не се на служба во Авганистан.

Мисијата ИСАФ во Авганистан актот го нарече „омаловажувачки“, велејќи дека им штети на високите морални стандарди кои се очекуваат од коалиционите сили.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека владата е „длабоко вознемирена“ од видеото, а наводниот акт го нарече „едноставно нехуман.“

Пентагон соопшти дека спровел истрага за околностите за снимката, но дека нема причини да се сомнева за нејзината автентичност.

Во меѓувреме, портпарол на Талебан изјави дека иако видеото е „шокантно“, тој не мисли дека ќе ги попречи мировните преговори со САД, кои, како што рече, се во прелиминарна фаза.

XS
SM
MD
LG