Популарниот фризер Видал Сасун почина на 84-годишна возраст во домот во Лос Анѓелес, соопшти синоќа портпарол на локалната полиција.
Сасун е родум од Лондон, каде и го отвори својот прв салон во 1954-та. Во време кога жените носеа комплицирани и високи фризури, тој стекна светска слава со едноставните видови на рамна, „пери-носи“ фризура.
Сасун подоцна отвори салони во САД, а започна и со линија фризерски производи со неговото име. Меѓу неговите клиенти беа американската актерка Миа Фароу и британската модна дизајнерка Мери Квант.
Неговиот слоган беше – „Доколку вие не изгледате добро – и ние нема да изгледаме добро“.
Сасун се женеше четирипати. Со последната сопруга, Рони, стапи во брак пред седум години.