Линкови за пристапност

Виктор Фридман: Живот посветен на изучување на јазикот


Интервју со Виктор Фридман: Живот посветен на изучување на јазикот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Интервју со Виктор Фридман: Живот посветен на изучување на јазикот

Интервју со добитникот на наградата за животно дело на ОМД

Акадeмик Виктор Фридман е професор и долгогодишен шеф на Катедрата за словенски јазици и литератури на Универзитетот во Чикаго, а во моментов е и директор на Центарот за источноевропски, руски и евроазиски студии.

Виктор Фридман е вљубеник во јазикот. Децениите минати во изучување на македонскиот јазик биле „од мерак за јазикот“ како што ни кажа самиот по примањето на наградата од ОМД, за која вели дека ја доживува како голема чест.

Иднината на македонскиот е иста како и на другите јазици, вели тој на нашето прашање, и додава дека се` додека постои Република Македонија ќе постои и јазикот.

Прв пат го посетил Скопје во 1971-ва. За денешниот лик на градот, вели: „Ако не одиш во Центар – супер!“

Фридман објаснува дека големо богатство се дијалектите.

Што го прави македонскиот јазик специфичен, го прашавме овој познат лингвист:

„Има многу работи. Глаголскиот систем е мојот специјалитет. Тоа е многу интересна работа, но тоа е цело предавање за ученици, не е за телевизија“ коментира Фридман.

За актуелниот проблем со името, тој вели:

„Ако им се дозволи на Грците да го сменат името на земјата, ќе сакаат да го сменат и јазикот. Итн...Тоа е таканаречена домино-теорија“ заклучува овој професор.

Тој коментира и на постојаниот притисок врз Македонија за компромис со Грција во врска со името:

„Ако некој ти дојде со пиштол и ти каже ајде да направиме компромис? Дали е тоа компромис? Тоа е мојот одговор.“, додава Фридман.

ОМД во Чикаго
ОМД во Чикаго

Повеќејазичноста во Македонија, според овој професор, се рефлектира врз темпераментот на луѓето кои живеат на тоа поднебје, и додава дека тоа е здрава подлога за меѓуетничкиот живот. Тоа вака го објаснува:

„Во Чаршијата ќе влезе муштерија. Ако е Албанец ќе му кажеш мердита, ако е Турчин – ѓунајдум, или бујрум, на Македонец - добар ден, на Влав - бунезива. Тоа беше практиката на чаршијата, а Македонија е земја богата со чаршии“ објаснува овој неуморен лингвист.

Фридман е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994-та. Тој претставува своевиден амбасадор не само на македонскиот јазик, туку и на Македонија во Северна Америка и во светот. Преку својата наставна, научна и професионална кариера повеќе од 35 години придонесува македонскиот јазик, литература и култура, да станат попознати и признаени и во светот.

XS
SM
MD
LG