Линкови за пристапност

Фридман: нема спор


Фридман: нема спор
Фридман: нема спор

Дури и самиот Нимиц знае дека нема легална основа за тоа, вели славистот од Универзитетот на Чикаго, гледајќи на прашањето за името од јазичен аспект.

Плени со насмевката, но и со извонредното познавање на македонскиот – реномираниот славист Виктор Фридман, кого Гласот на Америка на македонски го интервјуираше при добивањето на наградата за пријателство на Глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), смета дека нема спор околу името.

Додека грчката влада инсистира на решение со едно име, со географска одредница и за севкупна употреба, професорот од Универзитетот на Чикаго на прашањето гледа од јазичен аспект и смета дека македонскиот воопшто не треба да биде предмет на преговорите.

„Апсолутно не. Дури и самиот Нимиц знае дека нема легална, законска основа за таканаречен спор. Нема спор. Има само дрскост на Грција“, вели Фридман.

Славистот наведува дека наградата на ОМД особено му значи, затоа што по првпат добива едно признание од дијаспората. Оценува дека иселениците се многу поорганизирани од порано.

„Мислам дека дијаспората е многу важна, затоа што треба да уважиме дека Македонија постои во една средина каде што нејзините синови и ќерки во странство треба да и` помогнат“, коментира Фридман.

XS
SM
MD
LG