Линкови за пристапност

Сурои: Поделбата на Косово – лоша идеја за регионот


Сурои: Поделбата на Косово – лоша идеја за регионот
Сурои: Поделбата на Косово – лоша идеја за регионот

Предвидува - следните 12 месеци ќе бидат тест за демократијата на Косово

Косовскиот издавач Ветон Сурои средата во Американскиот институт за мир во Вашингтон говореше што е следно за Косово по одлуката на Меѓународниот суд за правда дека прогласувањето на независност било легално. Сурои смета дека одлуката ќе ја стабилизира и Македонијa заедно со целиот регион.

Сурои изрази надеж дека одлуката на Судот ќе ја обедини Европа и ќе охрабри и други држави да го признаат суверенитетот. Со независно Косово како нова реалност на Балканот, Сурои смета дека идеите за негова поделба припаѓаат на минатото и се лоши, бидејќи ќе доведат до враќање на времето на војни, идеи за размена на население и територии, а регионот за 10-тина години треба целосно да се интегрира во ЕУ.

„Поделбата е лоша идеја, не само за Косово, туку и за другите држави од поранешна Југославија. Кога бев инволвиран да помогнам во Охридскиот рамковен договор и тогаш бев против поделба на Македонија, затоа што сметав дека тоа е лоша идеја за Македонија, Македонците, Албанците и за сите други“, вели косовскиот издавач.

Сурои, кој е директор на невладиниот косовски Клуб за надворешна политика, наведува дека е потребно силно присуство на САД во Косово и во следните 12 месеци, како еден од најголемите гаранти на територијалниот интегритет и суверенитет. Недостигот на политичка волја и корупција се акутни проблеми во Косово денес, вели Сурои, и додава дека мисијата ЕУЛЕКС треба да помогне во тој контекст и да ги поддржи косовските институции. Предвидува - следните 12 месеци ќе бидат тест за демократијата на Косово.

Како мислењето на Меѓународниот суд за правда во Хаг за независноста на Косово ќе се одрази на Македонија? Сурои за Гласот на Америка со став: „Мислам дека има добар и стабилизирачки ефект ширум регионот, а оттаму и за Македонија, иако Македонија директно не е поврзана со мислењето. Ја зацврстува одлуката на Македонија да го признае Косово и дава поголема правна јасност, ако воопшто е потребна,“ изјави Сурои во Американскиот институт за мир во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG