Линкови за пристапност

Ризиците од американска воена интервенција во Венецуела


File -- Navy Chief Warrant Officer Paul Patterson calculates coordinates for a potential amphibious landing zone near Makuto, Venezuela, Jan. 3, 2000.
File -- Navy Chief Warrant Officer Paul Patterson calculates coordinates for a potential amphibious landing zone near Makuto, Venezuela, Jan. 3, 2000.

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека употребата на армиска воена сила во Венецуела е „опција“.

Евентуалната употреба на воена сила за смена на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја зголеми загриженоста за цената со човечки животи и несакани последици од вклучувањето на американски копнени сили.

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека употребата на армиска воена сила во Венецуела е „опција“.

Но, официјални лица од Белата куќа ги потврдија целите во Венецуела за мирољубив трансфер на власта.

Повеќето јужноамерикански и европски држави ја поддржаа венецуелската опозиција во тврдењата дека владата на Мадуро нема легитимитет откако им забрани на повеќето опозициони кандидати да се кандидираат на изборите минатата година.

Администрацијата на претседателот Трамп засега се потпира на зголемена дипломатска поддршка за преодниот претседател Хуан Гуаидо и ги интензивираше санкциите за за замрзнување на нафтените резерви на Венецуела, кои што Мадуро ги користи за купување на лојалноста од армијата на земјата.

Поддржувачите на воената интервенција наведуваат дека владата на Мадуро е инволвирана во илегална трговија со дрога и` е причина за растечкиот број бегалци од регионот. Некои критичари на Мадуро одат чекор подалеку и велат дека венецуелскиот народ би прифатил регионални напори предводени од САД за принудна смена на власта.

Противниците на идејата за воена интервенција потенцираат дека хуманитарната криза не претставува директна безбедносна закана за САД. И, тие, стравуваат дека „јастребите“ во актуелната администрација можеби се залагаат за воена разврска во Венецуела во обид да ги решат комплексните дипломатски, економски и политички проблеми.

Републиканските сенатори Марко Рубио од Флорида и Линзи Греам од Јужна Каролина, коишто поддржуваат зголемени дипломатски санкции против владата на Мадуро, се воздржани од повикот за воена интервенција.

Преодниот претседател Гуаидо неодамна ја отстрани можноста за американска воена интервенција во Венецуела за време на интервјуто за Гласот на Америка, истакнувајќи дека „ние како суверена држава ќе сториме се` да ја стабилизираме земјата“.

Мадуро го критикуваше Трамп дека се заканува за воена сила во Венецуела и оти Венецуелците ќе одвратат секаква американска агресија.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон го потегна прашањето за распоредување американски воени сили, истакнувајќи дека „се размислува за бројка од 5000 војници да се стационираат во Колумбија“ говорејќи на брифинг за санкциите за нафта во Венецуела и реперкусиите по соседите.

САД извршија инвазија со ограничени воени операции врз Гренада во 1983-та и во Панама во 1989-та, две мали јужноамерикански држави. Но, аналитичарите предупредуваат дека американската интервенција во Венецуела, која е двојно поголема од Ирак и е густо населена, може да бара значителна и одржлива воена детерминираност за да успее.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG