Линкови за пристапност

Продолжува неизвесноста по улиците во Каракас


За Мадуро обид за неуспешен државен удар, Гуаидо бара армијата да им се приклучи на опозиционерите

Во Венецуела натаму се наоѓа во состојба на зголемена напнатост откако опозициониот лидер и претседател на Националното собрание Хуан Гуаидо, кој ја има поддршката од САД, ја повика армијата да го собори левичарскиот претседател Николас Мадуро.

Гуаидо заедно со претходно осудениот опозициски лидер Леополдо Лопез ги повика венецуелските вооружени сили да му откажат поддршка на Мадуро и да се приклучат на „Операцијата Слобода“.

Виши американски лица, вклучувајќи го потпретседателoт Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео изразија поддршка за обидот на Гуаидо за смена на Мадуро.

Актуелната влада на Венецуела го окарактеризира потегот на опозициониот лидер како „обид за државен удар“, поддржан од САД. Еден од највишните официјални претставници од власта и спикер на Собранието про-Мадуро, ги повика поддржувачите да излезат на улица и да ги истиснат опозиционерите кои се собрани околу претседателската палата во Каракас.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон рече дека мирољубива транзиција е можна со помош од неколку клучни официјални лица од Венецуела.

Тој одби да дискутира за евентуални американски планови за Венецуела, но рече дека актуелната администрација е подготвена да ги интензивира напорите за заживување на тамошната економија, штом Гуаидо ја преземе власта во Каракас.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG