Лидерот на опозицијата и самопрогласениот преоден претседател Хуан Гуаидо повика на дводневни демонстрации во последен обид да ја придобие армијата на своја страна, која, според него, треба да откаже лојалност на претседателот Николас Мадуро.
Гуаидо ги повика Венецуелците на мирољубив пладневен протест во среда и побара „армиските сили да застанат со народот“.
Во саботата, Гуаидо побара од поддржувачите од сите делови на земјата да излезат на масовни протести по улиците, потег што се совпаѓа со рокот што го постави Европската унија за објавување нови избори.
Преодниот лидер понуди амнестија за војниците коишто ќе ја поддржат демократијата и ќе откажат лојалност на актуелната влада на Мадуро.
Facebook Forum