Линкови за пристапност

Гуаидо ги повика Венецуелците да не му дозволат на Мадуро да ги замолчи


И покрај забраната од оспорениот претседател, преодниот лидер не планира да се повлече од намерата за преземање на власта

Неколку часа откако владата на Венецуела му забрани на опозициониот лидер Хуан Гуаидо да извршува јавна функција во следните 15 години, тој се обрати во сиромашен кварт во Каракас.

Лидерот на опозицијата под чија контрола е националното Собрание и е признаен од САД и други држави како преоден претседател, ги повика поддржувачите да не молчат во време кога оспорениот претседател Никола Марудо се обидува да го спречи да ја преземе контролата врз владата.

Мадуро, кој има поддршка од Русија, и добива карго помош и се` уште армијата стои зад него во Венецуела, изјави дека е мета на заговор од САД за насилна смена од власт, и го обвини Вашингтон и Гуаидо дека вршат саботажа со напојувањето и електричната мрежа во земјата.

И САД и венецуелската опозиција, како и многу експерти за енергетика, веруваат дека запоставеноста и лошото менаџирање се причина за честите прекини и недостигот на струја ширум Венецуела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG